речник контакт

Зошто се чека на проектот за полнење на езерото Младост со вода до Лисиче?

Граѓаните ја прашаа Владата. Проектот е ревидиран а причина се парите

Петар Печков

Неодамнешната средба со Владата, велешани ја искористија да прашаат до каде е втората фаза од ХС Лисиче, со која требаше да се полни езерото Младост со вода. Зошто две години не се преземаат конкретни градежни активности, беше прашањето на еден од присутните на трибината. Одговор даде министерот за земјоделие, во чиј ресор е оваа инвестиција.

Проектот не е заборавен, напротив се работи на него. Изминатата година тој беше ревидиран па должината со која тој треба да се простира е намален за 2,5 км, за да стигне до езеро Младост. Има нова траса со цел максимално да се искористат потенцијалите и да се намали вредноста на работи. Така последните проценки се дека тој ќе чини 5 милиони евра. Се работи на нивно обезбедување, по што би започнале градежните работи и активностите да дојде вода од ХС Лисиче до езеро Младост. Планираме до година да се започне со работа  – рече министерот Димовски.

На ова се надоврза прашање на друг гостин, кој праша кога ќе се реализира третата фаза, со која треба дa се наводнуваат околните земјоделски површини  со што би се зголемиле приносите а ќе се реши  наводнувањето за 4,5 илјади хектари земја.

За реализација на овој проект потребни се цели 35 милиони евра.  Во овој период тоа се големи средства и таа фаза ќе ја реализираме кога ќе најдеме извор финансирање. Потребна е кредитна линија, друга алтернатива нема. Тоа ќе потрае неколку години. Прво е да се спои езерото па потоа во некој нареден период и да се реши наводнувањето на околните површини -   изјави министерот Димовски.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »